На просторот на некогашниот меѓународен аеродром во Атина се создава огромен нов градски комплекс кој целосно би требало да го промени изгледот на грчката престолнина. Проектот „The Ellinikon“ (Елиникон) носи 9.000 нови станови, облакодер, трговски центри, канцеларии, хотели, паркови и содржини поради кои Атина веќе се споредува со Дубаи. Станува збор за еден од најголемите проекти за урбана обнова во Европа, сместен покрај атинската ривиера, на просторот на некогашниот аеродром „Елиникон“.