„Tesla“ ја претстави новата генерација на „Roadster“, речиси девет години по дебито на првиот прототип, најавувајќи екстремни перформанси и почеток на производството во 2028 година „Tesla“ наведува автономија од околу 480 километри и максимална брзина од околу 370 км/ч за верзијата „Rocket“. Забрзувањето од 0 до 100 км/ч кај верзијата „Performance“ изнесува помалку од 1,6 секунди, кај „Thrust“ помалку од 0,9 секунди, а кај „Rocket“ помалку од 0,59 секунди. Компанијата најавува дека новиот „Roadster“ ќе има вентилатор под возилото, кој создава странично забрзување во свиоците до 2 г, односно двојно поголемо од Земјиното гравитациско забрзување, како и потисници од „SpaceX“.