Современ SUV со plug-in хибриден погон, електричен домет до 81 километри и комбиниран домет до 1.200 километри Кон крајот на октомври, македонскиот автомобилски пазар ќе биде побогат за нов модел од гамата на Dongfeng – Mage PHEV. Со современ дизајн, напредна технологија и plug-in хибриден погон, новиот SUV е наменет за возачите кои сакаат да ги спојат практичноста на автомобилот за секојдневна употреба со поголема слобода при подолгите патувања. Mage PHEV го следи трендот на електрификација во автомобилската индустрија, нудејќи можност за возење на електричен погон, со дополнителна флексибилност што ја обезбедува бензинскиот мотор.