Лидерите на Европската Унија се состануваат во понеделник на северот на Финска за да разговараат за… Лидерите на Европската Унија се состануваат во понеделник на северот на Финска за да разговараат за тоа како да се зајакне присуството на Унијата на Арктикот, регион во кој геополитичките тензии во последните месеци достигнаа врв. Изминаа седум месеци откако американскиот претседател Доналд Трамп по третпат се закани дека со сила ќе го преземе Гренланд, најголемиот арктички остров и автономна територија на Данска, со што предизвика голема криза меѓу западните сојузници, потсетува агенцијата Франс прес. Оттогаш, тензиите меѓу Европјаните и Американците се смирија, но европските лидери не ги заборавија тие закани и сега сакаат заеднички да ги разгледаат начините за зајакнување на своето присуство во регионот, свесни и за присуството на непријателски настроената Русија од другата страна на долгата финска граница.