Продажбата на хибридни автомобили на американскиот пазар бележи значителен раст во последната година, но најголемиот производител на автомобили во земјата останува надвор од овој тренд, пишува „Reuters“. Бил Волас, дилер на автомобили од Флорида, вели дека во последно време повеќето клиенти се интересираат за хибридни модели, барајќи начин да ги избегнат високите цени на горивата. Продавачите во неговите 16 салони, каде што се застапени и брендовите „Hyundai“, „Kia“ и „Mazda“, имаат што да им понудат на купувачите.