Мекларен со децении ја градеше својата репутација на лесни и екстремно брзи двоседи, но наскоро на патиштата би требало да се појави автомобил кој до неодамна тешко можеше да се замисли со неговиот знак. Британскиот бренд го подготвува својот прв SUV, кој воедно ќе биде и првиот Мекларен со четири врати во историјата. Новиот модел ќе биде дел од големото проширување на понудата, зад кое стои инвестиција вредна околу 500 милиони фунти.