Директорите на три водечки светски компании за развој на вештачка интелигенција (ВИ) вчера пред Советот за безбедност на Обединетите нации предупредија дека сè помоќните системи на ВИ наскоро би можеле дополнително да напредуваат и да се усовршуваат, и притоа да излезат од човечка контрола и станат закана за меѓународната безбедност. Пред 15-члениот Совет за безбедност на ОН свои обраќања имаа тројцата најистакнати претставници на индустријата – извршниот директор на „ОпенАИ“, Сем Алтман, извршниот директор на „Антропик“, Дарио Амодеи, и коосновачот на „Хагинг фејс“, Клеман Деланг. „Ако со вештачката интелигенција лошо се управува, верувам дека таа би можела дури да претставува ризик за човештвото во целина“, рече Амодеи од „Антропик“.