Мексико воведува нови мерки за подобра заштита на децата и тинејџерите од штетна онлајн содржина преку засилен надзор врз дигиталните платформи и социјалните мрежи, поради загриженост од насилни инциденти. Претседателката на Мексико , Клаудија Шајнбаум, објави дека денес ќе потпише декрет со кој се бара од дигиталните платформи, вклучувајќи ги социјалните мрежи и услугите за стриминг, подобро да ги заштитат децата и тинејџерите од насилна, сексуална и друга штетна содржина. Регулативата, која ќе го заостри надзорот врз големите технолошки компании, доаѓа откако двајца 18-годишни поранешни ученици нападнаа средно училиште во северната држава Коахуила на почетокот на октомври, при што загина едно лице, а тројца други беа повредени.