Неодамнешните хакерски напади извршени со помош на агенти за вештачка интелигенција означуваат „ рано предупредување“ дека светот би можел да се соочи со посериозни инциденти во наредните години доколку не се подобри безбедноста на системот, изјави денеска ко-основачот и претседател на Гугл дипмајнд, Демис Хасабис. На самитот за вештачка интелигенција во Даблин, Хасабис рече дека во областа на вештачката интелигенција треба да се усвојат безбедносни практики како оние што се применуваат во области како што се биологијата и нуклеарната енергија, особено кога станува збор за заштита на критичните системи. Според него, потребно е да се формира меѓународно тело што би развило безбедносни стандарди и систем за сертификација на системи со вештачка интелигенција, со барања прилагодени на нивните ризици и доволно флексибилни за да го следат развојот на технологијата.