Научниците за прв пат регистрираа сигнали во најмалку истражената област на субатомскиот свет , дури 100 милијарди пати помала од атом, во истражување спроведено на уредот за истражување на фундаменталните честички на материјата – Големиот хадронски судрувач (LHC) во ЦЕРН. Истражувањето, предводено од научници од Универзитетот во Кембриџ, би можело да помогне во развојот на поцелосна теорија за тоа како функционира универзумот, а истражувачите ја нарекоа оваа екстремно мала област „зептосферата“, објавува Би-Би-Си. Научниците ги проучувале резултатите од судирите на честички со висока енергија во LHC, особено однесувањето на субатомска честичка позната како “beauty” кварк. Таа честичка постои само околу 1,5 милијардити делови од секундата пред да се распадне на други честички, но истражувачите беа во можност да ги регистрираат нејзините интеракции со други честички на скала од милијардити до трилионски делови од метар.