Министерството за дигитална трансформација денеска, 28 октомври 2026 година, официјално ја промовираше мобилната апликација м.Услуги (m.Uslugi) , преку која граѓаните добиваат мобилен пристап до електронски јавни услуги и лични документи. Апликацијата беше претставена во Македонската филхармонија во Скопје, во присуство на претседателот на Владата Христијан Мицкоски, министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски, амбасадорот на Европската Унија Михалис Рокас, претставници на институциите, дипломатскиот кор, деловната и академската заедница. Во почетната верзија граѓаните можат да пристапат до електронска верзија на личната карта и возачката дозвола, како и до три електронски услуги.