Извршниот директор на американската авиокомпанија „United Airlines“, Скот Кирби, се залага за воведување национален данок на богатство во Соединетите Американски Држави и данок на наследство кој, над одреден праг, би изнесувал речиси 100 проценти. Кирби го изјави ова во интервју за весникот „New York Times“ минатата недела. Тој беше прашан зошто јавноста сè помалку им верува на директорите на големите компании.