Годишната инфлација во Бугарија е 5,1% во август, во споредба со 4,4% во јули, според прелиминарната проценка на Евростат за хармонизираниот индекс на потрошувачки цени (HICP), јави БТА. Бугарија останува меѓу земјите од еврозоната со највисока инфлација, додека просечното ниво за валутната унија се зголеми на 3,3 %, во споредба со 2,9% еден месец претходно. Повисока годишна инфлација од Бугарија во август е пријавена само во Литванија од 5,8 % и Кипар од 5,2%. Зад Бугарија се Шпанија со 4,5% и Белгија со 4,2%. На месечна основа, потрошувачките цени во Бугарија се зголемија за 0,8% во август.