Во изминатата седмица, заклучно со вчера претпладне во Грција биле потврдени 46 нови случаи на вирусот Западен Нил, а починаа три лица, според неделниот извештај на Националната организација за јавно здравје (ЕОДИ), а од почетокот на оваа вирусна сезона вкупниот број заразени се зголеми на 370, што е и рекорден број случаи во земјата од Во изминатата седмица, заклучно со вчера претпладне во Грција биле потврдени 46 нови случаи на вирусот Западен Нил, а починаа три лица, според неделниот извештај на Националната организација за јавно здравје (ЕОДИ), а од почетокот на оваа вирусна сезона вкупниот број заразени се зголеми на 370, што е и рекорден број случаи во земјата од 2010 година, јави дописничката на МИА од Атина. Според податоците од ЕОДИ, од вкупниот број заразени, 238 лица се со симптоми на централниот нервен систем (енцефалитис и/или менингитис и/или акутна парализа), а кај 132 случаи симптомите биле благи или немало зафатеност на централниот нервен систем. Од заразените, 64 лица се хоспитализирани, 244 пациенти биле пуштен од болница, а за 28 од случаите не била потребна хоспитализација.