Министерството за надворешни и европски работи на Хрватска соопшти дека, почнувајќи од 23 септември 2026 година, ќе започне со примање барања за визи за долгорочен престој наменети за возачи на автобуси и камиони кои се државјани на трети земји ослободени од обврската за поседување виза за влез во Хрватска. По пополнувањето на онлајн-барањето преку платформата. По пополнувањето на онлајн-барањето преку платформата за издавање визи и закажувањето термин, апликантите мора лично да го поднесат барањето, почнувајќи од 23 септември, во Амбасадата на Хрватска во Сараево или во некој од хрватските генерални конзулати или конзулати во Босна и Херцеговина, во зависност од соодветната конзуларна надлежност.