Економскиот раст во Македонија го движи потрошувачката, а не продуктивноста, што покренува загриженост во врска со одржливоста на растот, пишува во новиот извештај на Европската комисија за земјава. Иако станува збор за солиден раст, сепак тој е поттикнат главно од домашната побарувачка, како од домаќинствата, така и од државата. „Растот е поттикнат главно од потрошувачката, кредитната експанзија и побарувачката поддржана од владата, наместо преку продуктивноста.