Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и… Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, за жал, македонската економија ќе биде прва што ќе биде на удар – истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега. Одговарајќи на новинарски прашања по промоцијата на проектот за набавка на 100 нови амбулантни возила, претседателот на Владата остана на ставот за семејните вредности и многудетни семејства и оти работите треба длабински да се анализираат. Јас кога зборував пред една и пол-две години за семејни вредности, за фертилитет, тогаш ме направија дека сум заостанат, дека сум ретрограден, дека не знам што зборувам и што сè не прочитав за себе, но, за жал, тој предизвик останува и понатаму.