Најважните вести од денот — секој ден и во твојот фид.
„Собранието на на 122. седница, ги усвои измените и дополнувањата на Законот за јавните набавки, со кои се предвидуваат решенија за модернизација на системот на јавни набавки, зголемување на транспарентноста и конкуренцијата, како и поефикасно и поодговорно користење на јавните средства, извести Министерството за финансии.
„Измените произлегуваат од досегашните искуства во примената на Законот, потребата од негово усогласување со актуелните економски услови и реформските приоритети утврдени во Реформската агенда и Планот за раст на Европската Унија за Западен Балкан.
„Еден од клучните сегменти е унапредувањето на Електронскиот пазар на набавки од мала вредност, со цел зголемување на неговата употреба и поттикнување поголема конкуренција меѓу економските оператори.
Со ова се овозможува поголем увид на јавноста и економските оператори, а истовремено се поедноставуваат одредени административни процедури.
„Измените опфаќаат и професионализација на кадарот преку воведување систем на континуирано професионално усовршување на службениците за јавни набавки, наместо периодична ресертификација преку повторно полагање испит.
„Економија МФ: Усвоени измените на Законот за јавните набавки – поголема транспарентност и поефикасно трошење на јавните средства Објавено пред 18 минути - 27 октомври, 2026 Од А. O. / Макфакс Собрание.