Најважните вести од денот — секој ден и во твојот фид.
По повод 35-годишнината од донесувањето на Уставот, претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова вчера имаше средба со претставници на Македонското здружение на млади правници, придружени од други правници, одбрани на конкурс.
„Сиљановска-Давкова, која беше надворешна членка на Уставната комисија во 1991 година, најпрво го изрази својот став за концептот, содржината и структурата на Уставот, а потоа ги презентираше фазите на неговото донесување, со посебно внимание на подготовката на Нацрт-уставот, којшто беше ставен на јавна дискусија, од којашто произлегоа бројни забелешки на преднацртот и предлог-измени.
„По повод 35-годишнината од донесувањето на Уставот, претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова вчера имаше средба со претставници на Македонското здружение на млади правници, придружени од други правници, одбрани на конкурс.
Таа смета дека Уставната комисија треба континуирано да го следи спроведувањето на Уставот, да ги утврдува слабостите на уставноправниот систем и да предлага решенија, вклучително и за односот меѓу македонското и европското право.
„Од Македонското здружение на млади правници ја нагласија важноста на уставниот патриотизам и едукацијата за Уставот како темел на правниот поредок и гарант на човековите права и слободи.