Просечната стапка на раст на бруто домашниот производ (БДП) во земјите од Западен Балкан оваа година треба да биде на ниво од 3,1 отсто, додека во 2027 година може да се очекува нејзино мало забрзување на 3,4 отсто, е најновата оценка на аналитичарите на Светска банка. Очекуваната просечна стапка на раст оваа година во Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Македонија, Србија и Косово од 3,1 отсто претставува зголемување во споредба со 2,6 отсто забележани во 2025 година. Анализата објавена во вторникот наведува дека економиите на шесте земји од регионот на Западен Балкан се покажаа како отпорни на шокови и го продолжуваат трендот на конвергенција со Европската унија.