Најважните вести од денот — секој ден и во твојот фид.
Говорејќи за соработката со Меѓународната организација на трудот, Мицкоски рече дека новата програма претставува продолжување на долгогодишното партнерство во областите на работничките права, минималната плата, вработувањето на младите и социјалниот дијалог.
„Тој најави дека во следниот период фокусот ќе биде ставен на реформите во трудовото законодавство, модернизацијата на институциите, зајакнувањето на инспекцискиот надзор, развојот на вештините и подобрувањето на конкурентноста на претпријатијата.
Премиерот Христијан Мицкоски денеска порача дека Македонија треба да биде земја во која трудот се почитува, знаењето се вреднува, а работата обезбедува достоинствен живот, истакнувајќи дека економскиот раст мора да донесе конкретни придобивки за граѓаните.
„Ова го истакна на потпишувањето на Националната програма за достоинствена работа за периодот 2026–2030 година, која претставува заедничка обврска на Владата, работодавачите, синдикатите и институциите за унапредување на условите за работа и заштитата на работничките права.