До 20 проценти би можеле да се зголемат цените на авионските билети во Европа следната година предупредува извршниот директор на ирската нискобуџетна авиокомпанија „Рајанер“, Мајкл О’Лири. „Очекувам цените на авионските билети во Европа во следните 12 месеци да пораснат за 10, 15, а можеби и за 20 проценти“, изјави О’Лири. „Очекувам цените на авионските билети во Европа во следните 12 месеци да пораснат за 10, 15, а можеби и за 20 проценти“, изјави О’Лири на прес-конференција во Брисел, пренесува Ројтерс.