Според податоците од берзата TTF, цената на фјучерсите за гас во еден момент достигна 100,785 евра за мегават-час, или околу 1.058 евра за 1.000 кубни метри, што е највисоко од енергетската криза поврзана со војната во Украина. Стапката на зафатеност на европските капацитети за складирање гас на крајот на октомври беше 74,6 проценти, што е далеку под вообичаеното ниво за овој период, а компанијата „Катар енерџи“ го продолжи прекинот на испораките до некои клиенти до крајот на декември, објави „Ројтерс“. Европските влади засега избегнуваат враќање кон скапи мерки како што се ограничувања на цените и намалување на даноците, бидејќи буџетите се оптоварени, а трошоците за позајмување се високи.