Невиденото изобилство на атлантската скуша во водите на Црното Море во Турција ги воодушевува купувачите на пазарот поради ниските цени, но во исто време ја загрозува еколошката рамнотежа, предупредуваат турските медиуми. Црноморските рибари изјавија дека атлантска скуша, бонито, како највкусен вид меѓу рибите, уништила голем број други живи организми, вклучувајќи ги и раците и дека овој вид риба треба да се лови и да им се нуди на купувачите по ниски цени што е можно поскоро, објави весникот „Нефес“. „Бидејќи атлантската скуша ги јаде сите риби и ракови, мора континуирано да се лови.