Германскиот производител на чоколадни пралини „Драјмајстер“ (DreiMeister), кој во мај започна стечајна постапка, не успеа да најде инвеститор што би го спасил работењето во Германија. Сепак, познатиот бренд нема да исчезне од пазарот, бидејќи производството ќе продолжи во Белгија. Белгискиот претприемач Жо Бале ги презел правата на брендот и производствената опрема, а производството во иднина треба да се одвива во белгискиот град Варегем, пишува „Феникс магазин“, повикувајќи се на германските медиуми.