Граѓаните и компаниите треба навреме да ги планираат своите плаќања, бидејќи денеска и утре, 7 и 8 ноември, се можни привремени прекини и ограничувања на дел од банкарските услуги . Причината се техничките прилагодувања што банките ги спроведуваат поради воведувањето нови стандарди во денарскиот платен промет, кои почнуваат да се применуваат од понеделник, 9 ноември, информира Македонската банкарска асоцијација. Ограничувањата главно се однесуваат на платежните трансакции, а секоја банка одделно ги објавува термините и услугите што ќе бидат засегнати. Од Асоцијацијата ги повикуваат корисниците навреме да ги завршат планираните плаќања и редовно да ги следат известувањата од своите банки.