Најважните вести од денот — секој ден и во твојот фид.
„Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски во интервју за Тема на денот во Дневникот на Сител говорејќи за енергетската криза истакна дека додека цените на енергенсите во Европа се многу повисоки, оваа Влада прави се за граѓаните да плаќаат најевтино што може и посочи дека досега успешно се менаџира и нема големи скокови како што има во други земји.
За да продолжиме да го менаџираме одлично, за да нема големи скокови како што тоа се случува насекаде во Европа за 2 или три пати да се зголемат цените на овие енергенси ние антиципираме можни сценарија креираме модели коишто ќе овозможат да нема големи скокови кога станува збор за цената на електричната енергија и цената на затоплувањето во Скопје, потенцираше премиерот Мицкоски.
„Премиерот Мицкоски појасни дека врз основа на овој модел кој се креира, тој не очекува дека ќе се случат такви големи скокови во кои ќе имаме и големи скокови во трошоците на живот, односно инфлацијата, односно ќе се движиме во рамките на тоа што денешна просечна годишна стапка на инфлација од 3,5-4% колку што е денеска во Македонија.