Зависноста од Кина во снабдувањето со критични минерали претставува сериозна геополитичка закана за Велика Британија, предупредува парламентарната Комисија за бизнис, иновации, наука и трговија. Во својот најнов извештај, британските пратеници бараат итни мерки за намалување на зависноста од кинеските синџири на снабдување и развој на сопствени и алтернативни извори на суровини. Комисијата посочува дека контролата врз критичните минерали може да се користи како инструмент за геополитички притисок, со директни последици врз економската и националната безбедност.