Крофните се омилена посластица за многу луѓе, а со неколку трикови можете да ги направите меки, воздушести и лесни, исто како од пекара. Еден од триковите е да додадете неколку капки ракија во тестото. Тоа може да им помогне на крофните да апсорбираат помалку масло за време на пржењето, така што ќе останат помалку мрсни.