Ако немате многу време за подготовка на оброк по работа, а сакате да направите нешто вкусно и заситувачко, печените брокули со кашкавал и кисела павлака се одличен избор. Ова едноставно јадење бара малку состојки и нема сложени чекори; комбинацијата од кремаст сос, растопен кашкавал и печени брокули го прави одлична опција за лесен оброк или како прилог кон месо. Состојки: 1 кг брокули 400 г кисела павлака 2 јајца 150 г рендан кашкавал (Гауда, Едамер или Чедар) 1 чешне лук 1 лажица путер ½ лажичка сол Малку бибер Прстофат морско оревче 2 лажици лебни трошки Подготовка: Измијте ги брокулите, искинете ги на помали цветови и отстранете ги потврдите делови од дршките.