„Меѓу поважните олеснувања се: · за дел од дијагнозите нема да биде потребно пациентот да се упатува на лабораториски испитувања, туку проценката ќе може да ја направи матичниот лекар; · за дел од дијагнозите се проширува временската рамка предвидена со критериумите; · по 15-тиот ден, предлогот за привремена спреченост за работа – ПСР, матичниот лекар ќе го доставува електронски, наместо преку досегашната рачна постапка; · се прошируваат случаите во кои боледувањето ќе може да се утврди без физичко присуство на осигуреникот, особено кај тешко болни, неподвижни и тешко подвижни лица, лица на болничко лекување, како и во други оправдани случаи; · кај хроничните заболувања ќе може да се користат постојните дијагностички наоди, доколку се во предвидениот период на важност, без непотребно повторување на истите испитувања; · се прецизираат условите за ретроактивно утврдување на боледувањето во оправдани случаи, меѓу кои по завршено болничко лекување; · за бремени жени и доилки се предвидува олеснување во однос на радиодијагностичките испитувања со јонизирачко зрачење, кога здравствената состојба е соодветно потврдена со специјалистички извештај; · кај определени тешки заболувања се предвидуваат исклучоци од обврската за конзилијарно мислење кај боледувањата подолги од 60 дена.