Медот и лукот може да се користат одделно, но домашната ферментација на оваа комбинација може да носи одредени ризици. Сезоната на настинки и грип веќе започна, што значи дека, доколку ги прелистувате социјалните мрежи, веројатно ќе наидете на тегли со чешниња лук потопени во мед. Овој препарат стана популарен меѓу инфлуенсерите кои промовираат здрав начин на живот, претставувајќи го како природен лек и начин за зајакнување на имунитетот, а некои од овие видеа имаат и стотици илјади лајкови, пишува „Итинг вел“ (EatingWell). На прв поглед, рецептот изгледа едноставен – потребни ви се само тегла, мед и неколку чешниња лук.