Со комбинација од овошје, зелен лиснат зеленчук, квалитетна течна основа и неколку додатоци можеме да добиеме напиток што ќе ни помогне во еден оброк да внесеме различни витамини, минерали, растителни влакна, здрави масти и растителни соединенија, пишува „Jutarnji.hr/Živim“. Квалитетното смути може да го поддржи здравјето на мозокот, срцето и дигестивниот систем, смета Џенифер Бабиќ, експертка за функционална исхрана и професорка по нутриционизам. За напиток што ги обединува придобивките за наведените органи, таа препорачува комбинација од спанаќ, боровинки, мелено ленено семе, ореви и незасладено соино млеко.