Инстант тестенини, газирани пијалаци, шеќерни житарки за појадок, преработено месо и готови оброци – ултра-преработената храна, не само што значи дека ви недостига препорачаното количество на здрави житарки и протеини во вашата исхрана, туку ве изложува и на ризик од „тивки мозочни удари“ и когнитивен пад во средната животна возраст, велат канадски истражувачи. По тестирањето. По тестирањето на речиси 9.000 луѓе во Канада на возраст од 35 до 69 години, научниците од Универзитетот Мекмастер и Институтот за истражување на здравјето на населението (PHRI) открија дека групата со најголем внес на преработена храна имала 40 отсто поголема веројатност да има форма на оштетување на мозокот што „ги зголемува шансите за клинички мозочен удар и идни проблеми со меморијата“.