Важноста на редовната хидратација за правилно функционирање на организмот е општопозната, но често се води дебата… Важноста на редовната хидратација за правилно функционирање на организмот е општопозната, но често се води дебата за тоа дали температурата на водата влијае на варењето, метаболизмот или губењето на килограмите. Пред да изберете исклучиво ладна или млака вода, вреди да проверите што вели науката за тоа и во кои ситуации одредена температура може да биде покорисна, пишува „Веривел хелт“ . Ладната вода и варењето. Ако претпочитате вода директно од фрижидер, нема научна причина да ја избегнувате заради здравјето на цревата.