Венко Филипче има доверба соодветна на масленост на млеко, па затоа нивните јавни настапи се такви какви што се, изјави во НАТКАСТ со Љупчо Цветановски пратеникот Љупчо Пренџов. Тој укажа и на фактот што СДС има 30% поголем рејтинг од Венко, што значи дека фактички секој трет член во партијата „не сака да му види очи“ на лидерот и нема доверба во неговата „работа“. Тоа се тие нивни утрински соопштенија, јас не знам дали соопштенијата ги пишуваат во 8.30-9 часот кога и ги пуштаат или ги пишуваат во доцните вечерни или рани утрински часови па тоа се селектира, тоа е нивна работа.