Хроничното воспаление е еден од клучните фактори што го загрозуваат здравјето на срцето, но исхраната со противвоспалително дејство може значително да го намали ризикот. Таквиот начин на исхрана, кој вклучува многу овошје, зеленчук, немасни протеини, интегрални житарки и здрави масти, е основа за превенција на срцевите заболувања. „Противвоспалителната исхрана му помага на срцето затоа што го намалува хроничното воспаление со низок интензитет, кое има централна улога во создавањето наслаги, вкочанетоста на артериите и оштетувањето на ѕидовите на крвните садови“, објаснува нутриционистката и специјалистка за дијабетес Мишел Раутенштајн, пренесува „EatingWell“.