Кога ќе наполните 50 години, веројатно веќе сте во менопауза или се приближувате кон неа. Оваа фаза од животот може да донесе голем број промени во телото и мозокот, вклучувајќи проблеми со варењето, топли бранови, слабеење на коските и мускулите, хронично воспаление, болки во зглобовите, срцеви палпитации, депресија и суви очи, за да наброиме само неколку, пишува „Eatingwell“. Ова е исто така периодот кога грижата за вашиот мозок и тело станува уште поважна за да стареете што е можно поздраво.