Откако се појавија фотографии од Машин Ган Кели со непозната русокоса, Меган Фокс му сервираше „ладна одмазда“ на социјалните мрежи. Актерката Меган Фокс повторно е во центарот на вниманието, а тоа е поради многу провокативните фотографии што ги објави откако во јавноста се појавија фотографии од нејзиниот поранешен вереник, музичарот Машин Ган Кели, со друга жена. Меган позира во секси чипкана долна облека, лежи во кревет, плаче, но и ги покажува своите омилени чевли...