Видеото го објавил на Инстаграм и го опишал како „Тиндер во вистинскиот живот“. „Во Народниот парк во Ченгду, Кина, постои еден навистина необичен дел што многумина го опишуваат како Тиндер во вистинскиот живот. Родителите овде оставаат огласи за своите синови и ќерки, на кои се наведени основни информации како име и презиме, датум на раѓање, висина, место на живеење, како и критериуми што треба да ги исполнува идниот партнер“, раскажал Иличиќ во видеото.