Измина една година од денот кога вие на локалните избори ми ја… Измина една година од денот кога вие на локалните избори ми ја дадовте довербата да раководам со Општина Дојран, па затоа чувствувам должност и обврска да се обратам пред сите вас и да ви дадам отчет за сработеното во оваа измината година. Во периодот зад нас, Општина Дојран посветено и макотрпно работеше на реализација на повеќе проекти и активности насочени кон подобрување на инфраструктурата, уредување на јавните простори, подобрување на комуналните услуги , заштита на животната средина, развој на спортот и културата, развој на туризмот, како и поддршка на најмладите, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ од отчетот на Илија Тентов, градоначалник на Општина Дојран. Во делот на инфраструктурата би ги издвоил следните проекти, реконструкција на главниот пат во Стар Дојран.