Меѓународниот ден за намалување на ризикот од катастрофи, кој секоја година се… Меѓународниот ден за намалување на ризикот од катастрофи, кој секоја година се одбележува на 13 октомври, годинава е посветен на темата „Отпорноста почнува дома“. По тој повод се организира кампања во рамки на проектот „Подобрена имплементација на Директивата на ЕУ за поплави преку усогласување на националното законодавство и подготовка на планови за управување со ризикот од поплави“, ко-финансиран од ЕУ. Во рамки на кампањата денеска ќе се одржи јавен настан во просторот „Школка“ во Градскиот парк во Скопје, кој ќе биде отворен за граѓаните од сите возрасти и ќе понуди интерактивни и едукативни активности за подготвеност за поплави, домашна итна торба, препознавање на ризиците, и правилно постапување во итни ситуации. Темата ја нагласува важноста на безбедниот дом, информираноста и подготвеноста на семејствата и заедниците за справување со ризиците од катастрофи.