Хрватската влада во буџетскиот план за 2027 година предвидува економски раст од 2,1 проценти и намалување на инфлацијата на 2,7 проценти , соопшти премиерот Андреј Пленковиќ на денешната седница. Според проекциите претставени на 11 ноември, буџетскиот дефицит би останал на 2,9 проценти од бруто-домашниот производ, а учеството на јавниот долг би се намалило на 55,3 проценти од БДП. Пленковиќ најави дека Владата во сабота ќе го достави новиот буџет до Хрватскиот сабор.