Во Пробиштип денеска се одржа Национален младински дијалог на кој учествуваа млади од Пробиштип, Берово, Пехчево, Виница, Зрновци и Кавадарци, како и младински работници. Градоначалник на општина Пробиштип, Тони Тоневски, исто така, учествувал на настанот и на интерактивната сесија, на која присутните млади лица ги споделиле своите ставови, размислувања и предлози. Ме радува што прашањата и предлозите кои се од надлежност на локалната самоуправа беа конкретни и детално образложени од младите, како и што најголемиот дел од нив се поклопуваат со нашата стратегија и план за развој на општината – вели Тоневски.