Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, во Херцег Нови, Црна Гора, присуствуваше на одбележувањето на 50-годишнината од збратимувањето на двата града, при што беше потпишан Меморандум за потврдување на соработката. Со меморандумот, Битола, Херцег Нови, Бања Лука, Крањ и Земун ја потврдија определбата за продолжување на партнерските односи и продлабочување на соработката во повеќе области. Коњановски истакна дека во изминатите години соработката меѓу Битола и Херцег Нови се интензивирала преку заеднички настани и активности, нагласувајќи ја важноста на пријателските врски меѓу двата града.