Идеите, предлозите, сугестиите на граѓаните ни помагаат заеднички да го компонираме тоа… Идеите, предлозите, сугестиите на граѓаните ни помагаат заеднички да го компонираме тоа што е во границите на буџетот, а тоа значи заедничко формирање на буџетот на Општина Битола, истакна градоначалникот Тони Коњановски на првата сесија од традиционалниот Буџетски форум организиран од локалната самоуправа. Пред претставници на граѓанскиот сектор, организации и институции од различни области, локалната самоуправа ги претстави можностите за користење локални средства и финансирање на проекти. Буџетските форуми се место на кои во директен контакт со граѓаните, форма што ја прифаќаат и други општини во државата, го планираме буџетот за 2027 година.