Делови од скопските општини Чаир, Сопиште, Аеродром, Кисела Вода и Бутел утре (среда, 21 октомври) ќе… Делови од скопските општини Чаир, Сопиште, Аеродром, Кисела Вода и Бутел утре (среда, 21 октомври) ќе останат привремено без електрична енергија поради планирани технички зафати и реконструкции на дистрибутивната мрежа, соопштија од електродистрибуција. Во општина Чаир, во периодот од 08:00 до 11:30 часот, прекин во снабдувањето ќе има за корисниците од дел од улица „Славеј Планина“, дел од улица „Прохор Пчински“ и дел од улица „Јоаким Крчовски“. Во општина Сопиште, без електрична енергија од 09:00 до 12:00 часот ќе останат корисниците во Ракотинци и месноста Горно Соње, од црквата „Св. Никола“ нагоре.