Најважните вести од денот — секој ден и во твојот фид.
Милошоски додаде дека Македонија може да води избалансирана и стратешки усогласена надворешна политика, која ќе овозможи истовремено продлабочување на стратешкото партнерство со САД преку дијалогот за стратешко партнерство како и зајакнување на политичките и економските врски со европските партнери.
„„По однос на САД и Европа таа дилема сега се отвора затоа што имаме малку поразлични номенклатури на една или на друга страна, но во суштина ако гледате европскиот економски успех и демократија не би бил толку напреден и можен да ја немал американската стабилност и безбедносна поддршка во изминативе 60 години.
Антонио Милошоски , член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник во емисијата Надворешна-Светот во дијалог на МРТ дискутираше за меѓународните односи на државата и посочи дека Македонија е добро позиционирана и по однос на стратешкото партнерство со САД , но и по однос на политичко-економската поврзаност со ЕУ и земјите од регионот.
„„Јас мислам дека Македонија е добро позиционирана и по однос на стратешкото партнерство со САД и по однос на нашата политичка економска културна континентална поврзаност со ЕУ и со земјите од регионот не би ги исклучил затоа што земјите од регионот се еден навистина битен параметар којшто е во наша корист“, изјави Милошоски.