Најважните вести од денот — секој ден и во твојот фид.
„Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски изминатите денови престојуваше во работна посета на Флорида, Соединетите Американски Држави, каде што учествуваше на годишната конференција на Меѓународната асоцијација на полициски шефови (IACP) во Орландо, еден од најголемите светски собири на полициски професионалци, посветен на иднината на полициското работење и справувањето со современите безбедносни предизвици.
Ваквата иницијатива би придонела за зајакнување на регионалната соработка и размената на знаења, искуства и технолошки иновации.
„На покана на шерифот на округот Палм Бич, Рик Бредшо, министерот Тошковски учествуваше и на Global Innovation Summit, каде што акцентот беше ставен на практичната примена на вештачката интелигенција, беспилотните летала и антидронските системи во заштитата на јавните простори, критичната инфраструктура и безбедноста на населението.
На покана на шерифот на округот Палм Бич, Рик Бредшо, министерот Тошковски учествуваше и на Global Innovation Summit, каде што акцентот беше ставен на практичната примена на вештачката интелигенција, беспилотните летала и антидронските системи во заштитата на јавните простори, критичната инфраструктура и безбедноста на населението.
„Во рамки на работната посета, министерот го посети и Полицискиот оддел во Мајами, каде што непосредно се запозна со современите оперативни модели на американската полиција, вклучително и користењето системи за видеонадзор, напредна аналитика и обработка на информации во реално време.
Во рамки на конференцијата, министерот Тошковски оствари повеќе значајни средби, меѓу кои и со Николас Колура, директор на Дипломатската служба за безбедност при Стејт департментот на САД, како и со Рик Смит, основач и главен извршен директор на компанијата Axon, која развива современи технолошки решенија во областа на јавната безбедност.
„На средбата со Смит беа разгледани можностите Македонија да стане регионален демонстрациски центар за технологиите на Axon, каде што преку практична примена на современи решенија, вклучително и вештачката интелигенција, би се презентирале нови модели на полициско работење пред институциите од регионот.
На средбата со Смит беа разгледани можностите Македонија да стане регионален демонстрациски центар за технологиите на Axon, каде што преку практична примена на современи решенија, вклучително и вештачката интелигенција, би се презентирале нови модели на полициско работење пред институциите од регионот.
„Ваквата иницијатива би придонела за зајакнување на регионалната соработка и размената на знаења, искуства и технолошки иновации, информира Министерството за внатрешни работи.