Најважните вести од денот — секој ден и во твојот фид.
Но, истовремено покажува и дека вложувањето во нашите гранични капацитети е директно вложување во заедничката европска безбедност“, нагласи министерот, потенцирајќи ја потребата од натамошна техничка, кадровска и финансиска поддршка од Европската Унија.
„Во своето обраќање, Тошковски се осврна и на напредокот во усогласувањето со европските политики за миграција и азил, особено во делот на визната политика, каде што Македонија има постигнато речиси целосна усогласеност со европската листа на држави чии државјани подлежат на визен режим.
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски учествуваше на Министерскиот форум ЕУ – Западен Балкан за правда и внатрешни работи, кој се одржа на 5 и 6 ноември во Будва, Црна Гора, во присуство на министри од земјите на Западен Балкан и претставници на европските институции и агенции.
„Во рамки на форумот, министерот Тошковски имаше две обраќања посветени на управувањето со миграцијата и граничната безбедност, како и на борбата против современите форми на криминал во дигиталната ера.
„Нашиот заеднички успех не треба да го мериме само преку бројот на реализирани проекти или обуки, туку преку бројот на заштитени жртви, успешно спроведени заеднички истраги, разбиени криминални мрежи, навремено обезбедени електронски докази и одземени незаконски стекнати средства“, истакна Тошковски.
„На маргините на форумот, министерот Тошковски оствари и билатерална средба со Нина Грегори, извршна директорка на Агенцијата на Европската Унија за азил (EUAA). На средбата беше разговарано за досегашната соработка меѓу Министерството за внатрешни работи и Агенцијата, можностите за нејзино понатамошно продлабочување, како и за поддршката во процесот на усогласување на националното законодавство и институционалните практики со европските стандарди во областа на азилот и меѓународната заштита.